Хостинг Сервис
Кој Хостинг Сервис да го Одберете?
Тешко е да се провери квалитетот на услугата која ја нудат нашите хостинг фирми, но можете да си олесните ако испратите емаил порака со предложената содржина и споредете го следниве категории.
- брзината на добивање одговор,
- цена на пакетите,
- каква подршка нудат,
- каква веб презентација имат.
Емаил пораката може да биде со следната содржина.
Почитувани,
Заинтересиран сум за закуп на хостинг кај вас, и ме интересират следниве податоци:
- Колку бази можам да одворам (и дали се наплаќаат дополнително), бидејќи немам одлучено за Windows или Linux ме интересираат и двата.
- Кој контрол панел користите
- Дали правите back up и колку често
- Имате ли подршка преку мрежен messenger
- Дали посредувате при регистрацијата на .mk домени и колку тоа чини
Исто така ме интересира цената на пакет од 5 GB простор и 50 GB месечен сообраќај.
Благодарам,
Се надеваме дека ова ќе ви помогне при изборот на вашиот хостинг сервис .







