BEST WEB HOSTS 2009


inmotionhosting.com fatcow.com webhostingpad.com bluehost.com hostmonster.com globat.com lunarpages.com godaddy.com yahoo.com


ХАКЕРИ НА ИНТЕРНЕТ

Posted under Веб Сервис by admin on Thursday 3 December 2009 at 13:20

Безбедноста на Web Aпликациите

Хакери на Интернет се чини дека поминаа деновите на барање слава, преку саботирање на презентациите на познатите компании. Денешните криминалци се многу поопасни, а како крјна цел им е кражба на податоци и идентитет со исклучива намера за остварување на профит – ФИНАНСИЈСКА КОРИСТ. Следствено на трендот на порастот на безбедносните напади, стана јасен предизвикот за одржување на сигурноста на веб апликациите. Како би се избегнале потенцијалните катастрофалните последици за вашите веб презентации и работење, пожелно е да размислите на тестирање на слабостите на вашите веб апликации со помош на достапни адекватни алатки, пред тоа да го стори некој непожелен.


Многу компании па и домашни беа жртви на хакерски напади, оваа можете јасно да го утврдите со кратко пребарување по Интернет. Безбедноста на веб апликациите е една од најмалку обработената област во безбедноста на IT. Преку големите влогови во хардверската заштита само се прави привид на сигурност, бидејќи безбедносните пропусти во апликацијските делови се причина за преку 70% од безбедносните упади. IBM Rational AppScan е алатка понудена од страна на IBM со чија помош за кратко време можете да ја тестирате вашата веб апликација и ја утврдите нејзината ранливост, тоа е работа за која и на искусен тим би му било потребно извесно време на макотрпна работа.

Самата употреба на оваа алатка не бара некое посебно техничко предзнаење, бидејќи се што е потребно е url односно адресата на вашата веб апликација која сакате да ја тестирате и на кои видови тестови ќе ја тестирате. По извршениот внес на адресата, апликацијата ги врши зададените тестови. И како резултат на извршеното скенирање добивате извештај за ранливоста на вашата веб апликација подредени по ранг листа со конкретни примери за можна злоупотреба. Ако оваа IBM AppScan пронајде критични точки , ќе биде потребно да се позанимавате со најкритичните безбедносни слабости. Одстранувањето на пропустите некогаш и не бара големи промени, а за некои проблеми ќе треба да ја препуштите работата на искусни лица.
Ако ја сакате бесплатната demo верзија од оваа апликација можете да ја најдете на следнава адреса: IBM AppScan

No Comments »

No comments yet.

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment