BEST WEB HOSTS 2009


inmotionhosting.com fatcow.com webhostingpad.com bluehost.com hostmonster.com globat.com lunarpages.com godaddy.com yahoo.com


Хостинг Сервис – 2

Posted under Веб Сервис by admin on Monday 9 November 2009 at 16:22

Како да изберете Хостинг за својата Веб Презентација

Хостинг е услуга која се однесува на простор за сместување на вашата веб презентација. Тоа подразбира дека hosting provider-от Ви изнајмува место на својот веб сервер (може виртуелен сервер или целосен физички сервер) на кој можете да ја поставите својата веб презентација. Најчесто се наведени податоците за дозволениот веб простор и ограничувањата за месечен проток.
Понудата на пазарот е огромна и не е лесно да изберете вистинско решение. Но најефтиното решение и не е секогаш правото решение, иако на почетокот не е неопходно да вложите повеќе пари.
Еве ги нашите предлози за тоа на што треба да внимавате при избор на хостинг.
Најпрво треба да се има во предвид каков тип на презентација сакате. Дали е во прашање статичка страница или цела CMS апликација. Првото решение е добро ако сакате да направите во некој од HTML едиторите (FrontPage или некој друг) неколку страници кои немате намера често да ги менувате и немате намера често да додавате нови страници.
Ако пак тоа не е случај тогаш секако дека препораката е да изберете некоја од бесплатните CMS апликации. Хостинг кој подржува такви апликации е нешто поскап, но затоа вашата презентација многу полесн ќе ја одржувате , новите содржини ќе можете да ги додадете за неколку минути и сето тоа од вашиот интернет пребарувач. Тоа во секој случај вреди за оние 5-8 $ долари месечно.
Повеќето веб хостинг сервиси покрај хостот нудат и тнр web builder апликации. Со таквите апликации можете доста едноставно да направите едноставна веб страница, која покрај тоа и добро изгледа. Недостаток им е што не се доволно флексибилни, и ако подоцна посакате да ја проширите страницата со нови содржини, на пр. Web shopping апликација, со newsletter и слично, ѕоа најчесто не е возможно. Важно е дека многу од снабдувачите хостингот со web builder апликација го наплаќаат поскапо од хостингот со CMS апликација.

Втора работа на што треба да се внимава е колку простор добивате на серверот. Ако вашата веб презентација ќе содржи само текст тогаш тоа не е проблем, секој хостинг ќе ви одговара. Но ако ставате слики или видео тогаш треба да пресметате колку место ќе ви треба. Не се препорачува директно да ставате слики кои сте ги направиле со со дигитален фотоапарат, бидејќи тие се преголеми и нема да добиете ништо на квалитет. Една слика од 5 мегапиксели (megapixel ) е поголема од 2 MB. Во случај да ставите таква слика на својата веб презентација, времето потребно за вчитување ќе биде преголемо а, сликата и онака не може да се прикаже во својата оргинална резолуција. Препорачливо е сликте да се на мах. Резолуција од 1024х768 pixel-а. Повеќето CMS апликации подржуваат два формата на слики, една која ќе се прикажува во текстот и друга која ќе биде прикажана кога ќе се кликне на помалата слика(линкот).

И како трета работа е дозволениот сообраќај на серверот. Ако вашата веб презентација има многу слики и видео, а покрај тоа очекувате и голема посетеност може да се случи да го надминете дозволениот месечен сообраќај. Ако вашата веб презентација има 30 страни и на секоја страна 2-3 мали слики, и покрај тоа нема повеќе од 330-40 посетители дневно веријатно е дека ќе ви бидат доволни 1GB месечен сообраќај. Но доколку имате видео и големи слики и имате неколку стотици страници со неколку илјади посетители дневно, тогаш потребите за месечен сообраќај ќе бидат многу поголеми. Ако имате голема посетеност, тоа може да ви донесе директна или индиректна заработка од вашата веб презентација, така што тогаш за цената на хостингот не мора да се грижите.


No Comments »

No comments yet.

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment