BEST WEB HOSTS 2009


inmotionhosting.com fatcow.com webhostingpad.com bluehost.com hostmonster.com globat.com lunarpages.com godaddy.com yahoo.com


Google Sandbox

Posted under SEO Оптимизација by admin on Tuesday 10 November 2009 at 14:17

Одбивање – Неприфаќање од Google

| Google | SEO | Sandbox |
За што станува збор?
Ја поставивте својата веб презентација, секојдневно додавате нови и квалитетни содржини, за веб презентацијата се пишува по форуми и блогови, имате приличен број на доаѓачки линкови (incoming links), но сеуште нема посети од пребаувачот на Гугл.
Во таков случај со сигурност можете да бидете сигурни дека сте сместени во Google Sandbox!!!
Google Sandbox претставува ограничување кое Гугл понекогаш го става на нови веб страници, додека не го утврди нивниот квалитет. Или попрецизно речено додека не утврди дека се работи за уште една спам страница.
Сепак интересно е дека таква „чест“ да поминат низ овој филтер ја немаат сите страници. Некои како и секогаш имаат среќа да го избегнат, сепак несовршениот Гугл алгоритам, додека на другите тоа не им успева бидејќи се во некој помалку популарен niche, кој и нема преголема конкуренција.
На пример голема е веројатноста една моја веб страница да мине низ таквиот Sandbox филтер, бидејќи вебот е на домен пред истек и содржи страници кои имат опис за Интернет Заработка, а многу од таквиот вид страници се неквалитетни и спам страници, направени со цел за брза заработка. Доста често и за измами на луѓето. Од друга страна некоја веб на пр. ФК Миравци има добри шанси да биде поштедена од ефектите на овој Гугл филтер, поради малата конкуренција .
Но во ред, да претпоставиме дека сепак сме цел и под удар на Google Sandbox. Што понатаму, што да се прави за да излеземе побргу?
Е овде доаѓаме до горката вистина, нема сигурна и проверена формула која сигурно ќе ве ослободи од овој проблем. Од време на време на некој SEO блог или форум за вебмастери ќе се појави некој со свое револуционарно решение, но единственото докажано решение е чекање – трепеливост.
А колку време?
Повторно мистерија.
Не постои правило ниту одреден временски рок во кој можете да бидете сигурни дека ќе излезете надвор. Она што е сигурно е дека тоа ќе ви успее кога Гугл ќе стекне доверба во вашата страница, односно кога ќе ви додели повисоко ниво на тнр. Trust Rank. За тоа повеќе во некоја друга прилика, засега само напомена дека во целокупниот алгоритам и Trust Rank е нешто за што Гугл одлучува врз основа на многу фактори. Со сигурност е дека векот-староста на доменот е еден од нив, и веројатно нова страница на стар домен, побрзо ќе излезе отколку нова страница на нов домен.
Значи ни преостанува само чекањето, секако не пасивно, туку активно полнење на страницата со квалитетни содржини. Ако сте во ситуација да сте во кошот на Sandbox, не дозволувајте да ве фати песимизам. Повторно работете на веб презентацијата како што сте работеле и порано, работете на квалитетна изградба на линкови и останатите SEO техники. Подгответе се за денот кога Гугл че го препознае квалитетот на вашата веб страница и ќе ве ослободи од филтерот Sandbox.
Колку што е фрустрирачки ефектот на Sandbox, толку е и изненаднто доаѓање на посетителите преку Гугл пребарувачот, а тоа е мотивација повеќе за што поквалитетна работа на вашите веб презентации.
Овој Sandbox повеќе не е потребен и е во пензија, но ние го цениме позитивниот придонес на администраторите и издавачите кои го имаат дадено.
Колку е ова вистина иако сенаоѓа на сајтот на Гугл, заклучете сами врз основа на посетеноста!!!

No Comments »

No comments yet.

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment