BEST WEB HOSTS 2009


inmotionhosting.com fatcow.com webhostingpad.com bluehost.com hostmonster.com globat.com lunarpages.com godaddy.com yahoo.com


ХАКЕРИ НА ИНТЕРНЕТ

Posted under Веб Сервис by admin on Thursday 3 December 2009 at 13:20

Безбедноста на Web Aпликациите

Хакери на Интернет се чини дека поминаа деновите на барање слава, преку саботирање на презентациите на познатите компании. Денешните криминалци се многу поопасни, а како крјна цел им е кражба на податоци и идентитет со исклучива намера за остварување на профит – ФИНАНСИЈСКА КОРИСТ. Следствено на трендот на порастот на безбедносните напади, стана јасен предизвикот за одржување на сигурноста на веб апликациите. Како би се избегнале потенцијалните катастрофалните последици за вашите веб презентации и работење, пожелно е да размислите на тестирање на слабостите на вашите веб апликации со помош на достапни адекватни алатки, пред тоа да го стори некој непожелен.


Многу компании па и домашни беа жртви на хакерски напади, оваа можете јасно да го утврдите со кратко пребарување по Интернет. Безбедноста на веб апликациите е една од најмалку обработената област во безбедноста на IT. Преку големите влогови во хардверската заштита само се прави привид на сигурност, бидејќи безбедносните пропусти во апликацијските делови се причина за преку 70% од безбедносните упади. IBM Rational AppScan е алатка понудена од страна на IBM со чија помош за кратко време можете да ја тестирате вашата веб апликација и ја утврдите нејзината ранливост, тоа е работа за која и на искусен тим би му било потребно извесно време на макотрпна работа.

Самата употреба на оваа алатка не бара некое посебно техничко предзнаење, бидејќи се што е потребно е url односно адресата на вашата веб апликација која сакате да ја тестирате и на кои видови тестови ќе ја тестирате. По извршениот внес на адресата, апликацијата ги врши зададените тестови. И како резултат на извршеното скенирање добивате извештај за ранливоста на вашата веб апликација подредени по ранг листа со конкретни примери за можна злоупотреба. Ако оваа IBM AppScan пронајде критични точки , ќе биде потребно да се позанимавате со најкритичните безбедносни слабости. Одстранувањето на пропустите некогаш и не бара големи промени, а за некои проблеми ќе треба да ја препуштите работата на искусни лица.
Ако ја сакате бесплатната demo верзија од оваа апликација можете да ја најдете на следнава адреса: IBM AppScan

Хостинг Сервис – 2

Posted under Веб Сервис by admin on Monday 9 November 2009 at 16:22

Како да изберете Хостинг за својата Веб Презентација

Хостинг е услуга која се однесува на простор за сместување на вашата веб презентација. Тоа подразбира дека hosting provider-от Ви изнајмува место на својот веб сервер (може виртуелен сервер или целосен физички сервер) на кој можете да ја поставите својата веб презентација. Најчесто се наведени податоците за дозволениот веб простор и ограничувањата за месечен проток.
Понудата на пазарот е огромна и не е лесно да изберете вистинско решение. Но најефтиното решение и не е секогаш правото решение, иако на почетокот не е неопходно да вложите повеќе пари.
Еве ги нашите предлози за тоа на што треба да внимавате при избор на хостинг.
Најпрво треба да се има во предвид каков тип на презентација сакате. Дали е во прашање статичка страница или цела CMS апликација. Првото решение е добро ако сакате да направите во некој од HTML едиторите (FrontPage или некој друг) неколку страници кои немате намера често да ги менувате и немате намера често да додавате нови страници.
Ако пак тоа не е случај тогаш секако дека препораката е да изберете некоја од бесплатните CMS апликации. Хостинг кој подржува такви апликации е нешто поскап, но затоа вашата презентација многу полесн ќе ја одржувате , новите содржини ќе можете да ги додадете за неколку минути и сето тоа од вашиот интернет пребарувач. Тоа во секој случај вреди за оние 5-8 $ долари месечно.
Повеќето веб хостинг сервиси покрај хостот нудат и тнр web builder апликации. Со таквите апликации можете доста едноставно да направите едноставна веб страница, која покрај тоа и добро изгледа. Недостаток им е што не се доволно флексибилни, и ако подоцна посакате да ја проширите страницата со нови содржини, на пр. Web shopping апликација, со newsletter и слично, ѕоа најчесто не е возможно. Важно е дека многу од снабдувачите хостингот со web builder апликација го наплаќаат поскапо од хостингот со CMS апликација.

Втора работа на што треба да се внимава е колку простор добивате на серверот. Ако вашата веб презентација ќе содржи само текст тогаш тоа не е проблем, секој хостинг ќе ви одговара. Но ако ставате слики или видео тогаш треба да пресметате колку место ќе ви треба. Не се препорачува директно да ставате слики кои сте ги направиле со со дигитален фотоапарат, бидејќи тие се преголеми и нема да добиете ништо на квалитет. Една слика од 5 мегапиксели (megapixel ) е поголема од 2 MB. Во случај да ставите таква слика на својата веб презентација, времето потребно за вчитување ќе биде преголемо а, сликата и онака не може да се прикаже во својата оргинална резолуција. Препорачливо е сликте да се на мах. Резолуција од 1024х768 pixel-а. Повеќето CMS апликации подржуваат два формата на слики, една која ќе се прикажува во текстот и друга која ќе биде прикажана кога ќе се кликне на помалата слика(линкот).

И како трета работа е дозволениот сообраќај на серверот. Ако вашата веб презентација има многу слики и видео, а покрај тоа очекувате и голема посетеност може да се случи да го надминете дозволениот месечен сообраќај. Ако вашата веб презентација има 30 страни и на секоја страна 2-3 мали слики, и покрај тоа нема повеќе од 330-40 посетители дневно веријатно е дека ќе ви бидат доволни 1GB месечен сообраќај. Но доколку имате видео и големи слики и имате неколку стотици страници со неколку илјади посетители дневно, тогаш потребите за месечен сообраќај ќе бидат многу поголеми. Ако имате голема посетеност, тоа може да ви донесе директна или индиректна заработка од вашата веб презентација, така што тогаш за цената на хостингот не мора да се грижите.


Хостинг Сервис

Posted under Веб Сервис by admin on Monday 2 November 2009 at 23:06

Кој Хостинг Сервис да го Одберете?

Тешко е да се провери квалитетот на услугата која ја нудат нашите хостинг фирми, но можете да си олесните ако испратите емаил порака со предложената содржина и споредете го следниве категории.

  • брзината на добивање одговор,
  • цена на пакетите,
  • каква подршка нудат,
  • каква веб презентација имат.

Емаил пораката може да биде со следната содржина.

Почитувани,
Заинтересиран сум за закуп на хостинг кај вас, и ме интересират следниве податоци:

  1. Колку бази можам да одворам (и дали се наплаќаат дополнително), бидејќи немам одлучено за Windows или Linux ме интересираат и двата.
  2. Кој контрол панел користите
  3. Дали правите back up и колку често
  4. Имате ли подршка преку мрежен messenger
  5. Дали посредувате при регистрацијата на .mk  домени и колку тоа чини

Исто така ме интересира цената на пакет од 5 GB простор и 50 GB месечен сообраќај.
Благодарам,

Се надеваме дека ова ќе ви помогне при изборот на вашиот хостинг сервис .


Зошто МАКХОСТ?

Posted under Веб Сервис by admin on Monday 2 November 2009 at 20:36

Зошто да го одберете МакХост?

Изборот  на фирма за вашите интернет потреби може да биде фрустрирачки процес, секако дека вие барате партнер кој ќе во овозможи соодветна услуга по поволна цена. Вие барате партнер кој ќе Ве почитува и кој ќе стори се да ги исполни вашите очекувања. Постои голем број на лица и фирми кои на пазарот нудат Интернет веб хостинг услуги … зошто да не одберете нас?

Ќе наведеме неколку клучни причини за избор на МакХост за веб хостинг партнер.

А. Избор со респект
МакХост е единствениот понудувач на веб хостинг  во Македонија кој нуди хостирање на вашите веб презентации во дата центрите на една од најпознатите и водечки компании во светот The Planet

Б. Целосна контрола на серверот.
Вие можете да ги контролирате сите аспекти на вашиот сервер преку контролниот панел 24 часа 7 дена во неделата. Со клик на глувчето, можете да администрирате уптреба на диск, емаил адреси, директориуми, SQL бази и сите други поединости кои се понудени во вашиот пакет. (Статистика на посетеност додавање опции зо директна инсталација и др опции по потреба)

В. Хостнг со големи можности по прифатлива цена!
Ние не тврдиме дека сме најефитни на пазарот. Сепак веруваме дека единствено кај нас ќе го добите она што сте го платиле, и дека ќе бидете задоволни. Кај сите понудени пакети  е можно проширување со листата на стандардни можности и ваши барања.

Г. Брзина на мрежата.
Серверите се споени со повеќеслојни врски на Интернет мрежата  (backbone), на тој начин овозможувајќи за вашите страници да се поблиску и побрзо до вашите посетители.

Д. Сигурност
Сите сервери се надгледувани и обезбедени 24 часа дневно, 365,6 денови во годината. Нашиот мрежен up time е 99,99 % месечно.

Е. Искреност
Нема скриени издатоци (такси и сл) она што го гледате тоа и го плаќате. Бидете внимателни на бесплатните или многу ефтините услуги кои се нудат кај многумина, големи се изгледите дека содржат скриени трошоци кои ќе ви се наплатат откако ќе станете нивен клиент.

Најдобар избор ќе направите ако ги погледнете нашите понудени пакети и ги споредете со другите понуди на домашниот пазар.